Бијонсе постојано ја овековечува својата втора бременост, а дел од фотографиите ги споделува со своите верни фанови.
Пред да се упати на кошаркарски натпревар во Стејплс Центарот во Лос Анџелес, 35-годишната музичка дива сними фотосесија во својот дом, која ја сподели на својот сајт и на Instagram. Стајлингот на Бијонсе вклучува сако од Гучи од речиси 5.500 долари и Гучи чанта од 1.790 долари.



На натпреварот, Бијонсе беше заедно со својот сопруг Џеј Зи, а нивното присуство беше „уловено“ од фоторепортерите. На една од фотографиите, 47-годишниот рапер го гали стомачето на неговата сакана.









Видео
Славниот музички пар има една ќерка, 5-годишната Блу Ајви, а во моментов очекува близнаци. Вчера, Бијонсе беше фотографирана на шопинг со малата ќерка.



