Бијонсе редовно се појавува на прошетки со својата ќерка Блу Ајви, но досега во секоја прилика лицето на малото бебе беше покривано и добро заштитувано од папараците.
Вчера за првпат на интернет се појави фотографија на која се гледа лицето на 6-месечната Блу Ајви.
На фотографиите се гледа како 30-годишната пејачка грижливо ја носи својата ќерка во рацете, додека е на шопинг во Менхетн.
Освен популарната Блу Ајви, особен интерес привлече и новата фризура на Бијонсе. Ситните плетенки веднаш ги потсетија фановите на Бијонсе на деновите кога таа сè уште беше дел од „Destiny's Child“.
Бијонсе се породи на 7 јануари, а неколку дена подоцна, заедно со Џеј-Зи, ги објавија првите фотографии од Блу Ајви. Оттогаш досега тие добро го криеја лицето на популарното бебе.