Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Бијонсе гламурозна во креација на Ели Сааб

ФОТО: Бијонсе гламурозна во креација на Ели Сааб

Бијонсе блескаше на премиерата на својот документарен филм „Life Is But A Dream“. Облечена во креација од колекцијата висока мода пролет/лето 2013 на Ели Сааб, 31-годишната пејачка беше вистинска ѕвезда на вечерта.

Бијонсе Бијонсе

Бијонсе зачекори на црвениот тепих во Њујорк заедно со Опра.

Бијонсе и Опра

Документарниот филм открива дел од приватниот живот на Бијонсе. Во филмот таа зборува на теми кои обично не ги дискутира во медиумите – спонтаниот абортус во првата бременост, гласините за тоа дека воопшто не била бремена, за отпуштањето на татко си од улогата на нејзин менаџер и сл.

Бијонсе

„Чувствував дека е време да ја раскажам мојата приказна, затоа што поминав низ многу и имам толку многу за славење, толку многу за споделување“ – изјавила таа.

Подоцна Бијонсе била фотографирана со Џеј-Зи на забавата по повод премиерата на филмот.

Бијонсе и Џеј-Зи

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19086 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.