Бијонсе го објави трејлерот за документарниот филм кој ќе извади пред јавноста многу детали за нејзиниот приватен и професионален живот. Во трејлерот таа признава дека отсекогаш ѝ било проблем да одлучи колку да открие за себе пред бројната публика.
„Секогаш се борам со тоа колку да откријам за себе“ – вели таа на почетокот на видеото.
Потоа, таа споделува интересни моменти од својот живот во изминативе години, како ултразвукот за време на бременоста и трудничкото стомаче.
Пред да го разголи големото стомаче пред камерата, Бијонсе објаснува дека ѝ е многу тешко да ја крие бременоста, бидејќи настапува на сцената во тесна облека (можеби токму овој филм ќе ги запре шпекулациите дека Бијонсе не била воопшто трудна и дека ја добила Блу Ајви со помош на сурогат-мајка).
Идејата на филмот е да покаже што сè се случува зад камерата во животот на Бијонсе. Документарниот филм, кој носи наслов „Life Is But A Dream“ и е режиран од самата Бијонсе, ќе биде прикажан на HBO на 16 февруари.
Трејлер за „Life Is But A Dream“
Денес беше објавено и дека Бијонсе за време на полувремето на Super Bowl ќе настапи заедно со Кели Роланд и Мишел Вилијамс, односно дека ќе видиме обединување на Destiny's Child.