По раѓањето на нивната прва ќерка, среќата на Бекамови не се намалува, а тие не ја ни кријат од љубопитните обожаватели.
Славниот пар реши да му ја претстави на светот малата Харпер Севен. Најпрво Викторија објави на својот Twitter профил фотографија од Дејвид и Харпер со коментар: „Малото девојче на тато!“.
А потоа, Дејвид им ја покажа Харпер на своите фанови на Facebook, објавувајќи фотографија од Викторија и малото бебенце, со коментар: „Ги сликав моите две девојки додека спијат“.
Викторија се породи на 10 јули во Лос Анџелес. Таа пред три дена го искажа своето воодушевување од малото девојче и напиша: „Бебето Харпер е најубавото девојче што сум го видела, се заљубив повторно“.