Бебето на Бијонсе секој ден ќе ужива во луксузно капење, благодарение на Кели Роланд. Добрата пријателка на Бијонсе ненамерно откри дека познатата пејачка очекува девојче, па сега се обидува да надомести за направената „штета“ со скап светликав подарок – када од 5.200 долари.
Порцеланската када е прекриена со 44.928 сваровски кристали кои биле рачно редени еден по еден од дизајнерката Лори Гарднер. Според информациите од странските медиуми, на Гарднер ѝ биле потребни два месеца за да го финишира редењето на кристалите.
Според дизајнерката, луксузната када освен за капење на бебе може да се користи за разладување на пијалоци за забава или за капење на домашните миленичиња.
Во моментот кога Кели ја издаде тајната за полот на бебето, таа призна и дека не знае што сака да ѝ купи на Бијонсе за девојчето, но очигледно не ѝ било потребно многу време за да одлучи.