Бијонсе и Кели Роланд ѝ се приклучија на Мишел Вилијамс за песната „Say Yes“. Привременото обединување на Destiny’s Child кулминираше со спот, кој со сигурност ќе израдува милиони носталгични фанови.
„Песната е многу инспиративна, нема доволно ваква музика и горда сум што сум дел од неа“ – изјавила Бијонсе. Снимањето на песната со религиозна тематика било многу забавно за трите пејачки кои останаа добри пријателки по распаѓањето на Destiny’s Child. „Мило ми е што го направивме ова... Беше многу забавно“ – коментирала Мишел.
„Say Yes“ е дел од новиот албум на Мишел, „Journey to Freedom“.