Како заштитно лице на „Maybelline“, Адријана Лима присуствуваше на промотивен настан и забава организирани од популарниот козметички бренд.
На настанот кој се одржа во рамките на Њујоршката недела на модата, згодниот ангел на „Victoria’s Secret“ се појави во дводелна креација која го истакна нејзиното тонирано тело.


Покрај 34-годишната Бразилка, на забавата присуствуваа и модели како Џордан Дан, Џиџи Хадид и Кристи Тарлингтон.














