Атрактивни актери мамеа погледи на лондонската премиера на „Magic Mike XXL“.
Амбер Херд блескаше во црвен фустан од есенската колекција на Емилио Пучи.
Ченинг Тејтум доби поддршка од сопругата Џена Деван-Тејтум. На свеченоста во британската метропола 34-годишната актерка изгледаше елегантно во креација од колекцијата есен 2015 на либанскиот дизајнер Зухаир Мурад.
43-годишната Џејда Пинкет Смит се појави во краток црн фустан од Балман и црни сандали од Џузепе Ѕаноти.
Кога станува збор за момците, сите ѕвезди од популарното продолжение на „Magic Mike“ изгледаа како модерни џентлмени. Ченинг носеше костум од Диор, Мет Бомер и Алекс Родригез избраа одела од Џорџо Армани, а Џо Манганиело син костум од Џон Варватос.