Анџелина Џоли беше поканета на настан посветен на „моќта на жените“ организиран од списанието „Variety“. 46-годишната актерка и режисерка ѝ додели награда на младата поетеса Аманда Горман.
На свеченоста во Беверли Хилс, холивудската ѕвезда беше придружувана од нејзината ќерка Захара.
Џоли носеше долг фустан кој ѝ ги разголи тетоважите на грбот, додека Захара избра комплетно бел стајлинг.