Анџелина Џоли се релаксира во постпразничниот период со шопинг со ќерките.
45-годишната актерка и режисерка беше фотографирана додека со Захара и Шајло пазаруваше во бутик за облека во етиопски стил во Лос Анџелес.
Захара, која е родена во Етиопија, а беше посвоена од Џоли на 6-месечна возраст, вчера го прослави 16-тиот роденден. Па, можеби трите дами беа во потрага по идеален подарок кој би ја поврзал Захара со родната земја.
Двете тинејџерки минатата година имаа здравствени проблеми и беа оперирани, а за среќа, се чувствуваат одлично. Анџелина сподели дека 14-годишната Шајло беше принудена да направи операција на колкот, но не откри детали за здравствената состојба на Захара.
„Ги поминав последните два месеци со операции на мојата најстара ќерка и пред неколку дена гледав како нејзината помала сестра легна под нож за операција на колкот“ – напиша Џоли минатата година во текст по повод Меѓународниот ден на жената.
Џоли има уште четири деца со Бред Пит. Холивудскиот пар иако се раздели пред четири години, сè уште го нема финализирано разводот.