Анџелина Џоли не се разделува од децата ниту за време на нејзината промотивна турнеја низ светот за филмот „Eternals“. 46-годишната ѕвезда со пет од децата чекореше на премиерата во Лондон.
Трите девојчиња носеа модерни фустани додека нивната славна мајка беше облечена во аутфит со потпис на Валентино. 16-годишната Захара беше облечена во жолто додека 15-годишната Шајло носеше шарен фустан, а 13-годишната Вивиен избра бела креација.
Пакс и Нокс самоуверено позираа пред фоторепортерите. Единствено недостигаше најголемиот син на Џоли, Медокс, кој студира во Јужна Кореја.
Во ново интервју, Анџелина зборуваше за родителството. „Имам шест многу индивидуални човечки суштества дома. Многу сум возбудена за сите различни фази и чувства и љубопитства низ кои минуваат. Зошто не би била? Ние треба да им помогнеме да откријат кои се во животот. А не можеш да дознаеш кои се ако не се развиваш ентузијастички со нив“ – изјави таа.