Анџелина Џоли и Бред Пит претпразнично отпатуваа во Виетнам. Холивудскиот пар беше фотографиран без децата додека го разгледуваше заливот Халонг.
Виетнам е татковината на Пакс, еден од посвоените синови на Џоли и Пит, па тие неколку пати ја имаат посетено оваа земја.




40-годишната актерка и 52-годишниот актер се фотографираа и со персоналот во локален ресторан.

Претходно, славниот пар беше фотографиран на пазар во Камбоџа, каде Џоли го снима својот најнов филм според бестселерот „First They Killed My Father: A Daughter of Cambodia Remembers“.





