Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Андреј Пејиќ е „невестата“ на Готје

ФОТО: Андреј Пејиќ е „невестата“ на Готје

Некои можеби можеа да предвидат нешто слично, но многумина останаа изненадени откако стана јасно дека Жан Пол Готје за финалето на неговата ревија во Париз избра маж.

На последниот ден од Париската недела на високата мода, Андреј го привлече вниманието на публиката со својата несекојдневна убавина.

Андреј ПејиќАндреј Пејиќ на ревијата на Париската недела на високата мода

19-годишниот Андреј Пејиќ го затвори шоуто облечен како невеста, само еден откако Готје ги објави рекламните материјали за сезоната пролет/лето 2011 во кои учествува младиот Пејиќ.

На рекламните материјали Пејиќ позира со Каролина Куркова и на прв поглед никој не би можел да каже дека станува збор за маж и жена.

Каролина Куркова и Андреј ПејиќКаролина Куркова и Андреј Пејиќ за рекламната кампања пролет/лето 2011 на Готје

Популарниот модел очигледно го има воодушевено Готје, затоа што беше дел и од неговата ревија за машка облека инспирирана од Џејмс Бонд.

Андреј Пејиќ Андреј Пејиќ

Пејиќ во моментов е ѕвезда во светот на модата. Тој два пати се најде во списанието Вог, а ангажиран е и за најновата рекламна кампања на Марк Џејкобс.

Haute Couture Fashion Show Spring/Summer 2011

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20845 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.