• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

ФОТО/ВИДЕО: Жена која работи исклучиво како машки модел

21 ноември 2012, 13:48
  • cподели

Во модната индустрија има повеќе мажи кои работат како женски модели. Можеби најпопуларен пример е Андреј Пејиќ кој лесно може да ве измами дека е претставник на понежниот пол. Но, нема многу жени кои заменуваат машки модели и исклучиво позираат во машка облека. Кога ќе ја слушнете Кејси Леглер да зборува, нејзиниот глас ќе ви каже дека таа е жена, но изгледот може да ви испрати друга порака.

Кејси Леглер

Кејси има потпишано договор со една од најпознатите агенции за модели во светот „Ford Models“ како машки модел.

„Колку што знам, нема други жени кои работат ексклузивно како машки модели“ – изјавила таа за Time.

Кејси Леглер

Леглер започнала да работи како модел летово, кога нејзин пријател ја поканил да учествува во фотосесија за списанието „Muse“, но само ако преземе машка улога. Само еден ден по објавувањето на фотографиите, таа добила понуда да работи за „Ford Models“.

Кендис Сванапул и Кејси ЛеглерКендис Сванапул и Кејси Леглер

„Ова е уникатен мал момент, којшто модата дозволува да се случи“ – изјавила таа.

Кејси раскажала дека не го преферирала отсекогаш машкиот изглед. Таа се занимавала со пливање уште од 13-годишна возраст. Кога наполнила 18 години, се квалификувала за Олимписките игри во Атланта. Инспирирана од машките пливачи во нејзиниот тим, тогаш си ја избричила главата со цел да почувствува како е да се плива со „гола“ глава.

Кејси Леглер Кејси Леглер Кејси Леглер

„Ние сме социјални суштества и имаме одреден физички јазик за комуникација помеѓу нас. Но, би било навистина убаво кога би можеле да носиме сè што сакаме, без тоа да значи нешто“ – изјавила таа за изборот да носи машка облека.

Tags
Кејси Леглер
Андреј Пејиќ

Најнови

  • Амела и Леон

    „Два часа по промоцијата, Леон го изгуби најдобриот пријател – неговиот дедо“: Амела за објавувањето на две нови книги за аутизмот

    Fri, 12/12/2025 - 16:25
  • Адвентски календари од dm

    Празнична магија со адвентските календари од dm – совршениот подарок за секого!

    Fri, 12/12/2025 - 14:35
  • „Ѕид на љубезноста“: Улични „катчиња“ во Шведска за топла облека за оние кои не можат да си дозволат

    Fri, 12/12/2025 - 14:18
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.