Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Србинот со женско лице го освои и Марк Џејкобс

Србинот со женско лице го освои и Марк Џејкобс

Андреј Пејиќ е еден од најбараните модели во светот. 19-годишниот модел со убави женствени црти на лицето, долги нозе и руса коса стана ново лице на Марк Џејкобс и ќе се појави во рекламната кампања за сезоната пролет 2011г.

Андреј ПејиќАндреј Пејиќ

Андреј, кој во моментов живее во Австралија, има неверојатни полни усни и истакнати јаболкници, какви што секоја жена би посакала.

Заедно со Андреј, во кампањата на Марк Џејкобс ќе учествува и русокосата Џинта Лапина којашто има слични црти на лицето, па кога ќе се појави кампањата сигурно ќе има забуни во врска со полот на моделите, особено кај оние кои немаат слушнато за Андреј.

Андреј Пејиќ

Ако се земе во предвид дека тој веќе го освои Жан Пол Готје и учествуваше во неговата пролетна кампања заедно со Каролина Куркова, а неколку пати има позирано и за Вог, тогаш не е тешко да се заклучи дека за Андреј допрва ќе се слуша во модниот свет.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20842 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.