Спектакуларното шоу на Victoria’s Secret оваа година за првпат ќе се одржи во Париз. По тој повод, ангелите и моделите кои ќе дефилираат на долго очекуваната ревија одлетаа во Градот на светлината.
Атрактивните манекенки беа фотографирани пред полетувањето во Њујорк.


Покрај искусните ангели Адријана Лима, Алесандра Амбросио и Лили Олдриџ, на ревијата ќе ги видиме и 10-те нови ангели Тејлор Хил, Стела Максвел, Роми Страјд, Сара Сампајо, Моника Џак Јагачак, Џасмин Тукс, Лаис Рибеиро, Марта Хант, Екатерина Григориева и Елза Хоск.
Ангелите Кендис Сванапул и Беати Принсло нема да бидат дел од шоуто поради тоа што неодамна се породија.







Кендал Џенер и Џиџи Хадид и оваа година ќе им се придружат на ангелите на ревијата, а ќе добијат засилување и од сестрата на Џиџи, Бела.















Лејди Гага, Бруно Марс и The Weeknd ќе бидат музичките ѕвезди кои ќе ја забавуваат публиката.
Екстравагантното шоу ќе биде емитувано на телевизија на 5 декември.