Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер уживаат во Манчестер, Англија. Славниот спортски пар беше фотографиран за време на прошетка.
По посетата на ресторан, германскиот фудбалер и српската тенисерка беа „уловени“ од папараците во лежерно издание.
На една од фотографиите, Ана нежно го бакнува својот сакан.









Иако добиja казна за погрешно паркирање, тие не ја симнаа насмевката од лицата.
Пред неколку дена Ана присуствуваше на моден настан во Верона, каде носеше гламурозен комбинезон од Зухаир Муард.


Ана и Бастијан стапија во брак во Венеција пред три месеци. Венчавката го привлече вниманието на светската јавност.


