Амбер Роуз со провокативен изглед си го заработи статусот „најлошо облечена гостинка на MTV VMA“.
Дрската креација од синџири повеќе отскриваше отколку што покриваше од телото на 30-годишната мајка.
Роуз гордо позираше покрај својот сопруг, раперот Виз Калифа.
Сепак, ова не е највулгарниот „аутфит“ во историјата на MTV VMA. Во 1998 година Роуз Мекгован носеше слична креација кога зачекори на црвениот тепих со Мерилин Менсон.
Во 2005 година Коко предизвика лавина негативни коментари со мрежест вулгарен фустан.