Бијонсе ја одушеви публиката на MTV VMA, самоуверено движејќи се на сцената и исполнувајќи микс од песните од својот најнов албум.
„Mine“, „Haunted“, „No Angel“, „Drunk In Love“, „Partition“, „Flawless“, „Blue“ и „XO“ се само дел од актуелните хитови со кои славната пејачка покажа зошто има милиони обожаватели.
За време на специјалниот настап Бијонсе носеше колоритно боди од Том Форд во стил мозаик.