Актуелните музички ѕвезди се собраа во Инглвуд, Калифорнија, по повод доделувањето на видео музичките награди на MTV.
Како што и се очекуваше, Бијонсе ја прими значајната награда „Мајкл Џексон“, но исто така таа си замина со уште три статуетки, меѓу кои една и за соработката „Drunk In Love“ со сопругот Џеј Зи.
Мајли Сајрус беше другата голема победничка на вечерта, бидејќи во нејзини раце заврши наградата Видео на годината за спотот за „Wrecking Ball“.
Наградата Најдобар спот на женски изведувач ја доби Кети Пери за „Dark Horse“, додека Ед Ширан со спотот за „Sing“ победи во категоријата Најдобар спот на машки изведувач.
Лорд стана првата пејачка во историјата на MTV VMA која ја има освоено наградата Најдобро рок видео. 17-годишната ѕвезда победи со видеото за хитот „Royals“, иако многумина се согласуваат дека песната не припаѓаше во категоријата во која беше номинирана.
Аријана Гранде е добитничка на наградата Најдобро поп видео за видеозаписот за „Problem“ со Иги Азалија.
Наградени на MTV VMA 2014
Video of the Year: Miley Cyrus – „Wrecking Ball“
Best Female Video: Katy Perry ft. Juicy J – „Dark Horse“
Best Male Video: Ed Sheeran – „Sing“
Best Pop Video: Ariana Grande and Iggy Azalea – „Problem“
Best Rock Video: Lorde – „Royals“
Best Hip-Hop Video: Drake and Majid Jordan – „Hold On (We're Going Home)“
Best Lyric Video: 5 Seconds of Summer – „Don't Stop“
Best Video With a Social Message: Beyonce – „Pretty Hurts“
Best Cinematography: Beyonce – „Pretty Hurts“
Best Collaboration: Beyonce ft. Jay Z – „Drunk In Love“
Best Editing: Eminem – „Rap God“
Best Choreography: Sia – „Chandelier“
Artist to Watch: Fifth Harmony – „Miss Movin' On“
Michael Jackson Video Vanguard Award: Beyonce