Џенифер Лопез зрачеше со сексапил на црвениот тепих на MTV VMA. 45-годишната актерка и пејачка се појави облечена во сексапилен фустан од либанската модна куќа Charbel Zoe.
Блескавата креација со екстремно висок шлиц беше прекриена со „сваровски“ кристали.
Впечатливиот изглед Џеј Ло го имаше комплетирано со обувки Џиму Чу и накит Норман Силвермен.