Џорџ и Амал Клуни присуствуваа на доделувањето на César Awards во Париз. Славниот пар мамеше воздишки во елегантно издание.
39-годишната адвокатка го истакна трудничкото стомаче во креација со пердуви во долниот дел од високата мода на Версаче, додека 55-годишниот актер избра класичен смокинг.













На холивудскиот шармер му беше доделена престижната награда César d’Honneur, за неговиот придонес во филмскиот свет.



Амал и Џорџ, кои очекуваат близнаци, стапија во брак во септември 2014 година.





