Алиша Кис изминатиов викенд го кажа судбоносното „да“ и му стана сопруга на диџејот Свиз Биц на романтична церемонија на Корзика, Франција.
Бремената Алиша, која се очекува да го роди своето прво дете во ноември, носеше прекрасна венчаница на Вера Ванг, а нејзиниот сопруг бел смокинг на Том Форд.
На церемонијата присуствувале најблиските роднини и пријатели на младоженците, меѓу кои и славниот рокер Боно и актерката Квин Латифа.
Ова е прв брак за 29-годишната пејачка, а 31-годишниот рапер, продуцент и диџеј го финализираше својот развод во април и веќе има три деца од претходни врски.
До неговиот развод, Алиша и Свиз Биц, чие вистинско име е Касим Дин, ретко се појавуваа заедно во јавност, иако се во врска уште од 2008 година.