Алиша Кис повторно ѝ кажа НЕ на шминката. Талентираната пејачка се појави на BET Awards без грам шминка.



35-годишната ѕвезда позираше пред фоторепортерите заедно со својот сопруг Свис Биц.


Неодамна Кис напиша моќен есеј посветен на стресот кој го создава музичката индустрија и притисокот секогаш да изгледа „совршена“.
„Започнав повеќе отсекогаш да станувам камелеон. Никогаш не бев целосно тоа што сум, туку константно се менував за да бидам прифатена од сите“ – објасни таа. „Не сакам да се покривам повеќе. Ни моето лице, ни мојот ум, ни мојата душа, ни моите мисли, ни моите соништа, ни моите битки, ни мојот емоционален раст. Ништо! Пред да го започнам мојот нов албум, напишав листа со нештата од кои ми е преку глава. И едно од нив беше колку многу жените чувствуваат дека треба да бидат слаби, секси, посакувани или совршени. Исто така, едно од многуте нешта беше константното судење на жените. Константните стереотипи кои прават да мислиме дека нормалната големина не е нормална, или дека да бидеш секси значи да бидеш гола“ – пишува таа.
На промотивните фотографии за нејзиниот шести албум, Кис позираше со „голо“ лице. Откривањето на својот природен изглед таа го опиша како најмоќното и најубавото нешто кое го има почувствувано. „Тоа беше најсилното, најмоќното, најслободното и искрено најубавото чувство“ – вели Кис.