Адријана Лима е горда мајка на две девојчиња. Привлечната Бразилка ги изненади своите фанови на Instagram со фотографија од својата слатка ќерка Валентина.
На фотографијата насмеаното тригодишно девојче позира во розово-бела комбинација.
И сопругот на Лима, српскиот кошаркар Марко Јариќ, не може да му одолее на споделувањето на фотографии од Валентина. Тој редовно ги радува своите следбеници на Twitter со фотографии од авантурите на малото девојче.
Лима ужива во мајчинството и неколкупати има изјавено дека децата ѝ го промениле животот на подобро. „Откако ја родив мојата прва ќерка, таа навистина ми помогна да станам потрпелива, посамоуверена. Поразлично светло доаѓа во тебе откако ќе родиш бебе, не знам што е тоа, но таа ме промени на подобро“ – изјавила Лима.
Неодамна Лима откри дека трчањето низ дома по Валентина и деветмесечната Сиена ѝ помага да ја одржи својата фигура. Но, сепак се обидува да вежба колку што е можно почесто. Во изминативе денови таа има споделено и неколку фотографии на кои изгледа изморено за време на и по напорните тренинзи.