Адријана Лима изгледаше како вистинска божица на галата организирана од непрофитната организација Brazil Foundation во Мајами, Флорида.
Привлечната 31-годишна манекенка мамеше погледи со смел фустан од дизајнерката Алберта Ферети. Фустанот со проѕирни странични панели и длабоко деколте ги оцртуваше облините на најпознатиот ангел на Victoria’s Secret и го истакнуваше нејзиниот бронзен тен.
Brazil Foundation е организација која собира средства наменети за финансирање на социјални проекти во Бразил. За десет години, собрани се над 17 милиони долари кои поддржуваат над 300 проекти во сферата на образованието, здравството, културата и човековите права.