Адријана Лима беше ѕвездата на ревијата на Desigual во Барселона. 32-годишниот ангел на Victoria’s Secret за првпат дефилираше на шпанските модни писти.
Носејќи колоритни креации, убавата Бразилка ги шармираше присутните.
Колекцијата пролет/лето 2014 комбинира три различни концепти: секс, забава и љубов. Како и секогаш, познатиот бренд донесе на модната сцена експлозија на бои и оптимистички принтови.