Адријана Лима вчера го прослави својот 32. роденден. Синоокиот ангел на Victoria’s Secret блескаше на отворањето на нов бутик на VC Signature во Њујорк.
Облечена во краток асиметричен фустан, Лима привлекуваше погледи на прославата организирана од дизајнерот Винс Камуто и неговата сопруга Луиз.
Славната Бразилка доби и неколку колачиња со свеќи за го одбележи големиот ден.
„Благодарам за прекрасните роденденски желби! Имам одличен роденден, а вие неверојатни фанови го правите уште подобар!“ – со оваа порака Лима им се обрати на своите обожаватели на социјалните мрежи.
На забавата во Њујорк присуствуваше и ангелот Линдзи Елингсон.