Џоан Колинс со гламурозен изглед блесна на хуманитарен бал на „Shooting Star Chase“.
82-годишната ѕвезда од популарната серија „Династија“ носеше долг фустан со крзнени детали на ракавите.

На добротворниот настан, Колинс се појави со својот 50-годишен сопруг Перси Гибсон.


Џоан пред само две недели ја изгуби својата сестра Џеки Колинс, која почина по повеќегодишна борба со рак на дојка.
