Младоликата Кристи Бринкли се соблече по костими за капење заедно со своите две ќерки за списанието „Sports Illustrated“.
За новото издание посветено на костими за капење, 63-годишниот поранешен супермодел и нејзините ќерки, 31-годишната Алекса и 18-годишната Сејлор, заводливо позираа пред фотоапаратот на фотографката Ема Хегел.




„Мојата прва мисла беше: На моја возраст? Нема шанси. Кога наполнив 30 години, мојот став беше: За последен пат позирам во костим за капење. Кога ќе излезе списанието, јас ќе имам 63 години, тие денови се зад мене. Но, бидејќи имав можност да го направам тоа со моите девојки, си помислив: Последен пат“ – изјавила Кристи во врска со поканата за фотосесија по костим за капење.
Кристи за првпат позираше по костим за капење за списанието во 1979 година.
„Sports Illustrated“ објави и фотографии од Кристи на млади години. Погледнете ги:











