Каде и да се појави, младоликата Кристи Бринкли привлекува огромно внимание со својот изглед.
63-годишниот поранешен супермодел беше фотографиран со двете ќерки во Њујорк. Кристи заводливо позираше по кратко здолниште и чизми над колена пред фоторепортерите за време на вечерно излегување со 31-годишната Алекса и 18-годишната Сејлор.









Кристи го посети и седиштето на организацијата „Smile Train“ во Њујорк, на која е и амбасадор. Организацијата им овозможува операции на деца со вродени цепки на усните и непцето, аномалија позната како зајачка уста.




Претходно, Кристи и нејзините ќерки гостуваа во шоуто „Today“ на NBC, каде Кристи зборуваше за своето тело. „Сум поминала низ секоја фаза. Од преслаба до предебела. Не сакам да ги употребувам тие зборови, но поминав низ сè. Потоа доаѓаш до одредена возраст и до време кога си велиш ова е моето тело... што е важно дека не изгледам на одреден начин“ – рекла таа.

Згодното трио е дел и од новото издание на списанието „Sports Illustrated“, посветено на костими за капење.
