Кристи Бринкли за две недели ќе го прослави својот 60. роденден, но нејзиниот изглед не го издава бројот на свеќички кои треба да бидат поставени на нејзината торта.
Убавата Американка со младолик изглед привлекува погледи како и пред неколку децении. На забавата по повод 50-тото издание на списанието „Sports Illustrated“ посветено на костими за капење, Бринкли зачекори на црвениот тепих во црн мини фустан и остави многу подотворени усти.
Кристи зад себе има 4 брака, од кои еден со Били Џоел, и е мајка на 3 деца. Нејзината убавина ја постави меѓу најбараните модели и таа се има појавено на над 500 корици на списанија.
На забавата на „Sports Illustrated“ присуствуваа и многу други супермодели, меѓу кои и 40-годишните Хајди Клум и Тајра Бенкс.