Хали Бери изгледаше гламурозно на синоќешната церемонија за доделувањето на наградите Оскар.
56-годишната холивудска ѕвезда заблеска во бела креација со висок шлиц од дизајнерката Тамара Ралф. Акцентот на фустанот беше ставен на цветните детали украсени со кристали во нијанса на розово злато.
Бери беше придружувана од партнерот Ван Хант, со кого е во врска од 2021 година.
Хали заедно со Џесика Частејн ги прогласија добитниците на наградите за Најдобар актер и Најдобра актерка.