Шерон Стоун отсекогаш пленела со својата убавина и одмерениот сексапил. Со новиот едиторијал за списанието „Amica“, 54-годишната актерка уште еднаш докажа дека во текот на годините не изгубила ниту малку од шармот со кој заведе милиони обожаватели.
Американската филмска ѕвезда позираше за специјалното модно издание со кое се одбележува 50-годишнината на списанието. Облечена во дамска црна тоалета со свилен шал врзан во панделка, холивудската примадона ја краси корицата, додека на внатрешните страници позира во елегантни креации на дизајнерски куќи како Келвин Клајн, Гучи и Мајкл Корс.
Погледнете ги фотографиите од едиторијалот „Супер Шерон“.