Деми Мур не дозволува возраста да ѝ го дефинира начинот на живот. 50-годишната актерка била фотографирана како лудо се забавува во друштво на Лени Кравиц, Стејси Киблер и многу други ѕвезди на хуманитарна забава организирана од Шанел на Мајами Бич.
На забавата присуствувал и 26-годишниот Вито Шнабел, со кого се шпекулира дека Деми е во врска. Двајцата не позирале заедно, но присутните потврдиле дека парот не ја криел љубовната врска и јавно се бакнувал.
„Тие дефинитивно се пар. Таа е многу повеќе по забавата отколку Вито. Таа беше поподготвена за забава од кој било друг во просторијата“ – изјавил еден од гостите за „E! News“.
Пред една година Деми Мур се раздели со Ештон Кучер, но досега не се официјално разведени.