Од почетокот на пандемијата, Лени Кравиц живее на Бахамите. Популарниот музичар отпатувал на островот Елеутера мислејќи дека ќе остане само краток период, но веќе 5 и пол месеци престојува таму.
На егзотичниот остров, 56-годишниот пејач сними фотосесија за „Men’s Health“, а светот е одушевен од неговиот одржан и фит изглед.
Кравиц доби море од комплименти за мускулестото тело и многумина коментираа дека изгледа 20 години помладо.
Лени е веган, а најголемиот дел од храната која ја консумира ја одгледува самиот. „Многу внимавам што внесувам и како се грижам за моето тело“ – вели тој.
„Не јадам во 2 часот ноќе. Ако се разбудам и ако сум гладен, пијам вода за да си го наполнам стомакот“ – додава во интервјуто.
„Какво вештерство е ова? Лени не старее веќе 20 години“, „Како овој човек има 56 години?“, „Вечна младост“... Погледнете ги постовите на Twitter за Лени.
what witchcraft is this? Lenny Kravitz hasn't aged in 20 years. https://t.co/aClnMLpcuY
— Enrique Rea (@HankRea) October 1, 2020
Dammit. I'm so mad at how hot Lenny Kravitz is at 56. https://t.co/ZqOdth5Obp
— Darby Schnarfus (@tokenliberal) October 1, 2020
Eternal youth https://t.co/8WfOAxBjpi
— Kari (@negraoro) October 2, 2020
I just can’t get over Lenny Kravitz is 56 and looking fine AF!
— Gerald Joseph, MSW, ACM (@geraldunf) October 2, 2020
I hope When I get to 56 I haven’t let myself go like Lenny Kravitz https://t.co/xTBnGkPEDo
— Marc Lloyd (@outspokenoneuk) October 2, 2020
71-годишниот Лионел Ричи се пошегува пишувајќи: „Се надевам дека ќе изгледам толку добро кога ќе бидам на негова возраст“.
I hope I look as good as him when I’m his age. https://t.co/wY5njGAbpH
— Lionel Richie (@LionelRichie) October 1, 2020
Останатите фотографии од фотосесијата: