Шарлиз Терон ги прави првите чекори во петтата деценија од својот живот. На роденденската торта на популарната актерка денес ќе бидат наредени 40 свеќички, а нејзиниот изглед ќе ве натера да се запрашете дали таа воопшто старее.
Холивудската ѕвезда, која се закити со Оскар за улогата во филмот „Monster“, ја започна својата кариера како модел, но подоцна влезе во светот на филмот.
Славната Јужноафриканка има посвоено две деца. Во 2012 година таа го посвои синот Џексон, додека неодамна го прошири своето семејство со посвојување на ќерката Огуст.
На црвениот тепих, Шарлиз има беспрекорен стил кој мами воздишки. Неколку години таа соработува со модната куќа Диор, па многу од нејзините креации потекнуваат токму од ателјето на овој моден бренд.
По повод нејзиниот роденден, во продолжение погледнете 40 од нејзините најдобри стилски моменти.