Шакира се наближува кон петтата деценија од својот живот, но нејзиниот младолик изглед воопшто не го покажува тоа. Популарната Колумбијка денес ќе го прослави својот 39. роденден.
Музичката ѕвезда својот прв соло албум го издаде во раните 90-ти години, а започна да се пробива на американскиот пазар со својот петти студиски албум во 2001 година.
Во текот на својата кариера, Шакира се има закитено со повеќе награди за својот придонес во музичката индустрија, меѓу кои две Греми статуетки, осум Латино Греми награди, а исто така, беше номинирана и за Златен глобус.
Популарната сопруга на фудбалерот Пике постојано вмешува прсти во хуманитарни активности и веќе долги години е амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ.
Шакира, која има две деца со славниот фудбалер, неретко е во фокусот на бројни фотосесии.
По повод роденденот на Шакира, погледнете 39 фотографии од нејзините најпознати фотосесии.






































