Ирина Шајк има многу добар повод за славење. Атрактивната Русинка, која го освои модниот свет, денес ќе го прослави својот 30. роденден.
Популарната манекенка најважните чекори во својата кариера ги направи во 2007 година, кога стана заштитно лице на брендот „Intimissimi“ и беше една од ѕвездите кои го красеа изданието „Sports Illustrated Swimsuit“.
Шајк влезе и во филмската индустрија како дел од екипата на „Hercules“ и ја одглуми прекрасната Мегара.
За холивудските свечености, Ирина често избира креации кои го истакнуваат нејзиното тонирано тело. По повод нејзиниот 30. роденден, потсетете се на највпечатливите стилски моменти на Шајк.