Блејк Лајвли денес ќе го прослави својот 28. роденден.
Атрактивната актерка која е во брак со актерот Рајан Рејнолдс, за првпат се појави на филмското платно на 10-годишна возраст во филмот „Sandman“ режиран од нејзиниот татко Ерни. Најголема слава Блејк стекна со улогата на Серена ван дер Вудсен во хит-серијата „Gossip Girl“.
Холивудската ѕвезда неретко се наоѓа на листите со најдобро облечени жени во светот. За свечените настани, таа често избира креации кои го истакнуваат нејзиното тело. По повод роденденот на Лајвли, да се навратиме на 28 нејзини впечатливи стилски моменти.