Арбони Габриел е новата Мис САД. 28-годишната убавица победи на изборот за убавина и испиша историја поради тоа што е првата победничка со потекло од Филипини.
На манифестацијата во Невада, таа ги победи останатите 49 учеснички и ја освои посакуваната круна.
Габриел изјавила дека е горда што е пример и инспирација за многу девојки од Филипини.
„Ох Боже, ова е чест. Добивам пораки на социјалните мрежи од девојки и жени од Филипини кои ми кажуваат дека се возбудени и среќни. Ронат солзи-радосници бидејќи сега се инспирирани да се насочат кон учество на избори за убавина. Како јас да им го оформувам патот за да можат да ги следат нивните соништа. Навистина ми е чест“ – изјавила Габриел.
Арбони работи како модна дизајнерка и носеше своја креација за интервју за натпреварот. „Го дизајнирав комбинезонот за да им оддадам почит на моите родители. Мајка ми е од Тексас, но татко ми е од Филипини. Тие се венчаа во Манила, Филипини. На ракавите од овој комбинезон рачно ги исцртав цветовите од венчаницата на мајка ми, а за горниот дел од креацијата се инспирирав од традиционалниот филипински фустан“ – пишува таа на Instagram.