Ивана Мундиќ Дујмини стана новата Мис на Хрватска. 17-годишната убавица од Сплит се истакна над останатите 15 учеснички и ја освои посакуваната титула.
Овогодишниот избор се одржа во градот Чековец.
За прва придружничка беше избрана Анамарија Станчевиќ, додека титулата втора придружничка ѝ беше доделена на Тина Бачиќ.
Луција Дамјановиќ стана Мис фотогеничност.
Ивана ќе ја претставува својата татковина на Мис на светот во Кина на 8 декември.