Адријана Лима е на промотивна турнеја за Victoria’s Secret. Ангелот со најдолг стаж гостуваше во неколку ТВ шоуа во Њујорк.
Убавата Бразилка мамеше погледи во шик комбинации. За шоуто „Today“, таа избра сиво палто и складен фустан од Давид Кома.





Во шоуто на Венди Вилијамс, Адријана се појави во бродо кадифен костум. Додека го напушташе студиото, таа беше фотографирана и во крзнена бунда.







Низ Големото јаболко, Лима се појави и во црна бунда од брендот Adrienne Landau и бордо фустан од Dion Lee.

