Викторија Бекам го потврдува својот статус на трендсетерка, покажувајќи креации од своите колекции за претстојните сезони.
Познатата дизајнерка беше фотографирана во три различни комбинации во Њујорк.
Стајлингот во црна боја вклучува слип фустан со цветни детали од пред-есенската колекција на Бекам и долг мантил. И очилата и чантата го носат потписот на Викторија.






Белата комбинација е составена од креации од колекцијата наменета за сезоната пролет/лето 2017.




Синиот комбинезон со долг патент исто така доаѓа од колекцијата за следната пролетна сезона.

