Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Убавите внуки на принцезата Дијана во креации кои потсетуваат на нејзиниот иконски фустан

Убавите внуки на принцезата Дијана во креации кои потсетуваат на нејзиниот иконски фустан

Елиза и Амелија Спенсер однесоа гламур и елеганција на доделувањето на Британските модни награди.

32-годишните внуки на покојната принцеза Дијана шармираа во црни креации кои потсетуваат на најпознатиот фустан на нивната тетка.

Спенсер

Всушност, станува збор за „одмаздничкиот“ фустан во кој принцезата Дијана блесна на летна хуманитарна забава на лондонската уметничка галерија „Serpentine Gallery“ во јуни 1994 година, истата вечер кога контроверзна телевизиска програма обелодени детали за аферата на принцот Чарлс и Камила. Тој стана еден од најпознатите фустани носени од Дијана, а за малку ќе останел засекогаш во гардеробер, бидејќи таа сметала дека е малку непристоен.

Спенсер Спенсер

Фустанот на Елиза доаѓа од ателјето на Gaurav Gupta, додека креацијата на Амелија е дело на Pamella Roland.

Спенсер Спенсер Спенсер Спенсер Спенсер

Амелија и Елиза успешно чекорат во модната индустрија. Тие се ќерки на Ерл Спенсер, братот на принцезата Дијана.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20163 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.