Миранда Кер се појави на првата свеченост откако откри дека е бремена со трето дете.
35-годишна манекенка го истакна трудничкото стомаче во нежна креација на доделувањето на Gruner&Jahr Spa Awards во Баден-Баден, Германија.
Розовиот фустан е дело на дизајнерот Алекс Пери.
Како основач на брендот за органска козметика „Kora Organics“, Кер ја доби наградата Beauty Idol.
Убавата Австралијка го очекува второто дете со Еван Спигел, со кого е во брак од 2017 година. Таа има уште еден син од бракот со Орландо Блум.