Теми Хемброу се омажи.
30-годишната Instagram сензација стапи во брак со својот трет вереник Метју Зуковски облечена во розова венчаница од Вера Ванг. Бајковитата свадбена церемонија се одржа во Австралија во присуство на нејзините три деца, семејството и најблиските пријатели.
„Се чувствував како принцеза. Фактот дека венчаницата не беше бела всушност беше она што ме привлече“ – рекла таа.
„Не ми се веруваше колку брзо помина сè. Целата вечер ми беше како магично заматување, како да гледав како се одвива некој сон“ – додала невестата.
Во текот на вечерта, Теми промени уште две креации.
Теми е фитнес блогерка која ја следат повеќе од 17 милиони лица на Instagram. Таа стекна огромна популарност со трансформациите во изгледот по раѓањето на нејзините три деца. Хемброу има ќерка и син со првиот вереник Рис Хокинс со кого се раздели во 2018 година, а има една ќерка со вториот вереник Мет Пул.
Теми и Мет се верија на Малдиви, кога тој ѝ приреди романтично изненадување и ја запроси.
„Како што заоѓаше сонцето, тој клекна на колено и ме праша дали ќе бидам засекогаш со него. Остатокот од вечерта беше исполнет со солзи-радосници“ – рекла таа.
Вивиен Вествуд беше изборот на вториот изглед од свадбената прослава.
За забавниот дел од вечерта, Теми избра кратка креација од дизајнерката Карла Џил „совршена за танцување“.
Теми се сврши со вториот вереник во ноември 2021 година, но се разделија во декември 2022 година.