Тамара Драгичевиќ се топи во друштво на своите три мали богатства.
Српската актерка ги сподели првите фотографии со новороденото бебенце, а покрај неа се и двете нејзини поголеми деца.
Ѕвездата од „Тома“ и нејзиниот сопруг Петар Бенчина пред 10-тина дена се израдуваа на раѓањето на малиот Борис и среќната вест ја споделија на социјалните мрежи.
Популарниот српски пар стапи во брак во јуни 2016 година, а во декември ја добија ќерката Сташа. Синот Лазар се роди во август 2019 година.