Тони Зен се враќа на сцената со нов албум.
Популарниот музичар денес ги сподели првите фотографии од малото синче и ја објави првата песна од новиот албум насловен „Од изворот на изборот“.







Тони Зен минатиот месец откри дека неодамна тајно се ожени и стана татко. Неговата сопруга се вика Валентина Јованова и е од Гевгелија. Бебенцето го доби името Јасен.

„Од изворот на изборот“ е шести соло албум на Тони Зен.
„Албумот има 8 песни, сите јас ги напишав, а музиката ја создававме заедно со Кирил Бабамов (гитара) и Ратко Даутовски (перкусии), потоа се приклучија и останатите музичари со своите инструменти и мелодиски линии, бас гитара свири Мартин Јосифовски, саксофон и флејта - Борислав Веселинов, клавијатури - Борче Кузмановски и Бојан Филиповски, Александар Пешевски Сале - усна хармоника и пратечки вокали - Весна Малинова Бабамова и Бојан Филиповски“ – вели Тони.
Албумот е акустичен и мирен со цел да се задржи природната фреквенција. Сите песни се инспирирани од неговите лични искуства во изминативе пет години.
„Музиката на албумот е посветена на вистината, љубовта, просветлението, повеќето текстови се напишани како последица од духовните практики и искуства, стекнати во Институтот за хармоничен развој на човекот. Спознавањето КОЈ СУМ ЈАС, средбите со мајсторот, сјаењето и созревањето низ духовната патека, се апсолутната инспирација за создавањето на овој албум. Целта ми е сите да спознаат КОЈ се, и да превземат одговорност за сопственото постоење. Насловот „Од изворот на изборот“ е стекнување свесност, за тоа дека ЈАС СУМ, односно секој е одговорен за сопствените искуства, одлуки и избори во животот. Чистината на душата е изворот, а изборот е дејствување од чистината“ – објаснува познатиот хип-хоп артист.
Слушнете ја неговата најнова песна „Коан“:



